Нашата компанија е застапник на италијанската компанија  FOMET  S.P.A ,  која произведува и продава земјоделски ѓубрива од  1969 година. Главната дејност на FOMET  S.P.A  е производство на специјални ѓубрива надоместоци,

подобрувачи, органски ѓубрива , органско-минерални ѓубрива, како во цврста така и во течна состојба.

 

Од целиот асортиман што го имаме,  позначајни  за нашиот пазар се следните ѓубрива :

Органски ѓубрива

ХОРТИФЛОР  произведено исклучиво со мешање и хумификација на одбрани ѓубрива (коњско и кравјо) подложени на процес на ферментација во период од  8-10 месеци. Бидејќи претставува  соодветна замена на арското ѓубриво неговата употреба е со основна обработка на почва, но исто така се користи и при процесот на расадување на растенијата. Хортифлорот ја подобрува структурата на почвата, збогатувајќи ја со органска материја и подобрувајќи го водно-воздушниот режим.

ХУМУС ВИТА СТАЛАТИКО СУПЕР  хумус во прав добиено со мешање на селекционирани ѓубрива (кравјо и кокошкино) подложени на процес на ферментација во период од  8-10 месеци. Содржи висок процент на хранливи материи кои влијаат на структурата и плодноста на пчвата.

Специјални ѓубрива

ЕКОФЕРО 250 ПЛУС  добиено од хумифицирано ѓубриво и железен сулфат кои добро познати карактеристики со неговото присуство водат кон успех во производниот процес. Ја спречува и лекува Fe-хлорозата која е последица  од  настанатата нерамнотежа на железо, недостаток или како последица на неможноста на негово усвојување поради прекумерното присуство на варовник.

АЗОКОР  105  органско азотно ѓубриво кое се карактеризира со постепено испуштање на материјата посебно што го прави погодно за ѓубрење на сите градинарски, овоштарски култури како и украсни растенија. Испуштањето на азотот е постепено и продолжено. Целото ова го намалува зголемувањето на минералниот азот во почвата кое зголемување може да резултира со фитотоксичност кај растенијата и испарување на азотот во нитритна форма.

Подобрувачи на почва

БИОЗОЛФО 620  Значително ги подобрува физичките, хемиските и биолошките особини на почвата бидејќи ова ѓубриво претставува совршено изедначен спој помеѓу елементарниот сулфур и хумифицирани органски материи кои добро познати карактеристики (особено на сулфурот) со неговото присуство водат кон успех во производниот процес, бидејќи многу растенија го асорбираат сулфурот во исти количества како фосфорот.

КАЛЦИОРГАНИКО  произведен исклучиво со мешање  и со хумификација на одбрани ѓубрива (коњско и кравјо) подложени на процес на ферментација (хумификација) во период од  8-10 месеци. Посебно наоѓа примена кога имаме почва со високо алкална рН вредност односно со внесувањето на фино мелениот калциум кој го содржи ова ѓубриво моментално дејствува и ја менува високо алкална рН вредност во неутрална.

ФЕРИСОЛ 19%   ѓубриво кое на почвата и посеаната култура и дава елемент од примарно значење: железо. Коренот на растението веднаш го користи благодарение на јонот на железо Fe2+.

Ферисолот  посебно наоѓа примена кога имаме почва со високо алкална рН вредност бидејќи дава сулфур во облик кој растенијата можат да го апсорбираат и да изврши закиселување на почвата.

Бидејќи производот е растворлив во вода погоден е за системите за наводнување.

Органско-минерални ѓубрива

АЗОМАТ  5.10.15S+2MgO   органската основа е добиана од одбрани ѓубрива подложени на процесот на ферментација повеќе месеци во контролирани услови. Фосфорот и магнезиумот се целосно растопливи во вода , а калиумот е добиен исклучиво од сулфатите. Поради овие карактеристики хранливите материи лесно се усвојуваат од страна на кореновиот систем и се веднаш достапни на растението. Се користи како основно ѓубриво и за прихрана на растенијата во текот на вегетацијата.

Ѓубривото се применува кај сите градинарски и овошни култури и за сите видови почва.

 

ДУНГ  3.6.12S+2MgO  органско-минерално ѓубриво пред се наменето за ѓубрење на овошните и лозовите насади како и за дрвенестите и украсните растенија.

Посебно е погоден и се користи за преседување на ожилени растенија и жбунести растенија.

Органскиот азот целосно се добива со постепено испуштање од хумифицираните ѓубрива.

Минералното ѓубриво калиев сулфат е добиено со физичка екстракција што го прави погоден и наоѓа примена во биолошкото земјоделство.

 

Течни ѓубрива

ВИГОРАМИН N8+0,2B +1Fe  фолијарно ѓубриво кое е од органско потекло добиено по пат на ензимска хидролиза на животинскиот епител , при што се добива формулат богат со слободни аминокиселини и протеински фракции со мала молекуларна тежина. Во својот состав содржи и олиго елементи како што се железо и бор. Енергетската вредност на ова ѓубриво на растението му овозможува заштеда на енергија за сите биохемиски реакции кои служат за создавање на протеини и ги преносува хранливите материи.

АМИНОСПРИНТ  органско ѓубриво за прихранување преку системи за наводнување, богато со амино киселини, протеини и азот целосно од органско потекло кое исто така целосно се апсорбираат од страна на коренот на растенијата. Ѓубривото ја потикнува активноста на бактериите во почвата и ја потикнува апсорпција на хранливите состојки пореку коренот, а кои му се достапни на растението преку системот за наводнувањсе или се веќе присутни во почвата.

 

ТОМАТОСТАРТ  органско ѓубриво за прихранување преку системи за наводнување, богато со амино киселини, протеини и азот целосно од органско потекло кое исто така целосно се апсорбираат од страна на коренот на растенијата. Најчесто се применува по расадување на постојано место  преку системите за наводнување. И кога се користи прихрана со кристални ѓубрива во смеската може да се додаде и Томатостарт.