Евгени е застапник на компанијата AB REKYVA од Литванија  која е позната по производство на високо квалитетни супстрати  за раст и развој на растенијата. Согласно пoтребите на нашиот пазар располагаме со супстрати со фина,

средно-фина  и груба структура ,кој се збогатени со основните хемиски макро и  микро елементи . Располагаме со супстрати со расличен сооднос на бел и црн тресет кој зависи од кој период од годината започнува произвотсвениот процес. Исто така супстратите можат да бидат збогатени со перлит и глина се со цел за подобрување на водно-воздушниот режим на растенијата.

Пакувањата се достапни во различна големина  и тоа во вреќи од 20л, 70л и 250л.

Достапни се следните типови на сустрати :

Fine – супстрат со фина структура наменет за производство на расад од зеленчук и цвеќе.  Составен е од: црн тресет 50% + бел тресет 50%, ph: 5.4-6.2. Содржи NPK до 0,5 кг/м3.

Medium – супстрат со груба структура наменет е за пикирање на расадот. Составен е од 80% црн тресет + 20% бел тресет. Содржи до 1кг/м3 NPK.

Coarse – супстрат со груба структура. Се одликува со балансирана киселост наменет за хортикултура и цвеќарство.